Обрадор бара извинување од папата поради улогата на Католичката црква во освојувањето на Мексико

Од:

Претседателот на Мексико, Лопез Обрадор испрати писмо до папата Франциск во кое бара извинување од Католичката црква поради угнетувањето на домородното населени при шпанското освојување пред 500 години.

Во писмото се бара од Ватикан привремено да ги врати неколки древни автохтони ракописи што се чуваат во неговата библиотека, пред 500-годишнината од шпанското освојување на Мексико.

Обрадор истакна дека шпанската круна, шпанската Влада и Ватикан треба дасе извинат на автохтоното население поради „страшните злосторства“ извршени од конквистадорите што пристигнаа во Мексико 1521 година.

Католичката црква имаш клучна улога во шпанското колонизирање на Америка, која го ширеше своето царство со испраќање на мисионери да го преобратат домицилното население во христијанство.

Орбадор слично барање испрати минатата година до шпанскиот крал Филипе идо папата, но шпанската Влада ја одби молбата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД