31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД

Од:

Мексиканските безбедносни служби трагаат по 31 мигрант кои беа киднапирани од вооружени лица за време на викендот додека патувале со автобус до границата со САД, преку државата Тамаулипас, на северот на земјата, објавија властите, пренесува Танјуг.

Портпаролот на државната безбедност Хорхе Куелар изјави за Ројтерс дека автобусот патувал од индустрискиот град Монтереј до Матаморос, на границата со американската сојузна држава Тексас, кога бил пресретнат од криминалци во пет автомобили.

Возачот ја известил полицијата за киднапирање на патници од различни националности.

Претходно, властите соопштија дека припадниците на Националната гарда во понеделникот ослободиле пет државјани на Венецуела, вклучително и двајца малолетници, кои биле киднапирани додека патувале од Монтереј до Матаморос.

Барателите на азил и активистите за човекови права со месеци предупредуваат за ескалација на киднапирачката криза во пограничната држава Тамаулипас, каде што дејствуваат различни моќни криминални групи кои се борат за власт.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина