Обновена директната телефонска врска меѓу САД и Куба

Од:

Директната телефонска врска меѓу САД и Куба беше обновена, соопшти државната компанија „Етекса“.

Toa се случи во рамки на првиот договор, потпишан меѓу американската и кубанската компанија, по објавеното историско зближување во декември меѓу двете земји.

– Воспоставена беше директна телефонска врска меѓу САД и Куба, која првично ќе овозможува гласовни повици, соопшти Етекса.

Минатиот месец кубанската државна компанија и американската приватна корпорација „Американ доместик телеком“, соопштија дека потпишале соодветен договор.

Досега телефонските повици меѓу САД и Куба минуваа преку трети земји, што ги правеше многу скапи.

Телефонските врски меѓу Куба и САД беа прекинувани многу пати од 60-те години на минатиот век, а во 1999 беа целосно прекинати.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени