Објавена фотографија од Запорожје по бруталниот руски ракетен напад: Загинаа две жени, пет лица се под урнатини

Од:

Руски сили утринава истрелаа седум проектили врз украинскиот град Запорожје. Ракетите, изјави гувернерот на Запорожје, Олександр Старук, погодиле станбени згради.

Во нападот загинаа две жени, а најмалку пет лица се уште се под урнатините. Нападот се случил во раните утрински часови, пред зори.

„Многу луѓе беа спасени, вклучително и тригодишно девојче, кое е хоспитализирано. Спасувачката операција се уште е во тек“, објави Старук на својот канал Телеграм.

Градоначалникот на Запорожје, Анатолиј Куртев, во посебна објава на Телеграм напиша дека осум лица се хоспитализирани.

Запорожје, да потсетиме, е главен град на истоимениот регион, за кој Русија тврди дека го припоила.

Би можело да ве интересира

Русија: Не исклучуваме разговори со Американците

Украина прифати 30 дневен прекин на огнот

ВИДЕО: Најголем украински напад со дронови, таргетирана и Москва

Клучен состанок САД-Украина во Саудиска Арабија

ВИДЕО: Украина нападна една од најголемите руски рафинерии

(ВИДЕО) Трамп: Украина може да не преживее дури и со американска помош

Катерина Ѓуровски