Либискиот премиер Абдулах ал Тани денеска пред Парламентот во Триполи го објави составот на неговата Влада.
Тани, кој на почетокот на септември доби мандат да формира влада, продложи кабинет од 18 министри, за чии избор треба да се изјаснат пратениците.
За шефица на либиската дипломатија е предложена Фарида ал Алаги, за министер за внатрешни работи Ашур Шваел, а за министер за правда Абделхафез Гога, кој беше член и на Преодниот национален совет на Либија. Со ресорот одбрана пак ќе раководи самиот Тани.