Обид за преврат врз Воениот совет во Судан, уапсени околу 70 офицери

Од:

Во Судан е извршен обид за преврат врз времениот Воен совет, објави телевизијата Ал Арабија, повикувајќи се на свои извори.

Според сведоштвата, уапсени се 68 офицери, кои учествувале во неуспешниот преврат и против нив се води истрага.

Телевизијата наведува дека повеќето членови на групата, која се обидела да го собори од власт Воениот совет, офицерите се исламисти, кои се лојални на претходниот режим.

По неколку месечни протести и тешката економска состојба во Судан, армијата на 11 април го отстрани од 30 годишна должност претседателот Омар Башир, а управувањето со државата го презеде времениот Воен совет.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

Орце Костов

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска