Припадници на обезбедувањето во болницата на францускиот карипски остров Мартиник биле нападнати со киселина, соопштија денеска францускиот министер за здравство и министерот за прекуокеански територии, нагласувајќи дека на тој остров избувнале нереди поради владината политика и протоколите поврзани со до Ковид-19.
„Вчераутро, за време на состанокот меѓу новиот шеф на болницата, Жером Ле Бриер, и болничките синдикати, околу 30 демонстранти се обидоа да го нарушат состанокот, а шестмина обезбедувачи добија киселина во лице“, се наведува во заедничката изјава на францускиот министер за здравство Оливие Веран. и министерот за прекуокеански територии Себастиен Лекорну, јавија британските медиуми.
По нападот е покрената судска истрага, додаваат Веран и Лекорн во соопштението.
Во последниве месеци на Мартиник и соседниот остров Гвадалупе беа организирани протести, делумно поради француската политика кон Ковид-19.
Задолжителната вакцинација за здравствените работници, мерка што веќе беше воведена на француското копно, предизвика бес кај мнозинското црно население на островите.
Извор: МИА