Обама со проштално обраќање на 10 јануари

Од:

Американскиот претседател Барак Обама ќе има проштално обраќње на 10 јануари, во кое ќе говори за сето тоа што го сторил во неговите два мандата и ќе им се заблагодари на своите поддржувачи.

Обама посочи во писмената изјава дека своето обраќање ќе го изнесе во Чикаго.

– Тоа ќе биде шанса да ви се заблагодарам за неверојатното патешествие, да истакнам на каков начин ја променивте земјата на подобро во изминатите осум години и да изразам некои размислувања за тоа во која насока ќе одиме сите заедно во иднина, рече тој.

Обама нагласи дека од 2009 година досега Американците се соочувале со различни предизвици и станале посилни.

– Тоа е така бидејќи од основањето никогаш не престанавме да веруваме дека заедно можеме оваа земја да ја промениме на подобро, рече Обама.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД