Американскиот претседател Барак Обама ќе продолжи со процедура за номинација на генералот Џон Ален на местото командант на НАТО во Европа, откако беше ослободен од обвинувањата за вмешаност во секс скандал заради што директорот на ЦИА Дејвид Петреус поднесе оставка во ноември минатата година.
– Истрагата сега е завршена и процедурата за именување на генерал Ален на функцијата командант на НАТО во Европа продолжува. Се надеваме дека Сенатот навреме ќе ја разгледа, изјави Џеј Карни, портпарол на Белата куќа.
Генералниот инспектор во МО го амнестираше Ален, кој во моментот е главен командант на силите во Авганистан по прашањето за е-маил пораките испратени до Џил Кели, жена поради која Петреус ја загуби функцијата.