(ВИДЕО) Обама побара поддршка од Конгресот за напад на Сирија

Од:

Претседателот на САД, Барак Обама денеска одржа говор за Сирија и кажа дека е решен да ја нападне оваа земја. Обама и покрај решеноста нагласи дека ќе бара одобрување од Конгресот на САД, чија одлука се очекува на 9. септември.  Во 2011 година Обама кога ја нападна Либија, не бараше ваква одлука и одобрување од  конгресмените, од кои пак сега зависи судбината на  акцијата против режимот на Асад.  Претходно, на дебатата во Лондон, британскиот парламент не му даде зелено светло на британскиот премиер да се приклучи кон воените повици на САД.

Добитникот на Нобеловата награда за мир, Обама кажа дека е подготвен да ја нападне Сирија без одобрување на  Советот за безбедност на Обединетите Нации, истакнувајќи дека таму е попречено спроведувањето на правдата, односно неможноста да се издејствува акција поради ветото на Русија и Кина.

Говорот на Обама доаѓа веднаш по повикот на рускиот претседател Владимир Путин до американсиот претседател да размисли добро пред да тргне во акција, но и тврдењето дека САД немаат никаков доказа за хемиски напад од страна на сириската војска, нарекувајќи го тоа како  „чиста глупост“.

Барак Обама кого електоратот го избра за да стави крај на војните во Авганистан и да го затвори Гвантанамо, а што не го направи, се повеќе се соочува во критики дека сега влегува и во отворено кршење на меѓународниот закон со ставот дека Советот за безбедност на ОН не е битен и дека САД ќе дејствуваат самостојно.

Републиканскиот сенатор  Џон Мекејн рече дека нема да поддржи ограничена акција во Сирија бидејќи според него тоа нема да го промени односот на силите на фронтот. Анализата на  доказите кои ги собраа  инспекторите на Обединетите Нации во Сирија може да се пролонгира и до три недели, соопшти  Организацијата за забрана на  хемијското оружја, која е и задолжена за истрагата дали режимот на Асад употребил оружје за масовно уништување.

 

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас