Обама пишува книга

Од:

Преживеаната жртва на холокаустот од Втората светска војна и добитник на Нобеловата награда за мир, Ели Визел, изјави дека заедно со американскиот претседател Барак Обама пишува книга.

Осумдесет и четиригодишниот Ели Визел изјави за ерусалимскиот дневен весник Haaretz дека работи на проект кој ќе го продолжи по завршувањето на американските претседателски избори.

„Обама и јас решивме заедно да напишеме книга, книга на двајца пријатели”, вели Визел, познат како автор на славните мемоари „Ноќ” во коишто се присетува на периодот што го минал во нацистичкиот концентрационен лого Аушвиц во Полска, во кој биле убиени неговата мајка и сестра, како и маршот на смртта кој завршил во Букенвалд.

Обама го запознал Визел која овој предавал на факултетот на кој студирал актуелниот американски претседател, а се спријателиле во 2009 година која Обама го повикал Визел да му се придружи во текот на неговата посета Букенвалд.

Во меѓувреме станаа добри пријатели и често заедно вечераат, изјави Визел за весникот.

Би можело да ве интересира

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) „Ако проектил од подморница летне кон Америка…“: Џеј-Ди Венс и се закани на Данска од воената база на Гренланд

Предраг Петровиќ

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

САД го бомбардира Јемен, Хутите му се одмаздуваат на Израел