Обама: Нуклеарната проба на Пјонгјанг е закана за САД и меѓународниот мир

Од:

Американскиот претседател Барак Обама ја осуди денеска нуклеарната проба на Северна Кореја, оценувајќи ја како „провокативна“ и нагласи дека таа претставува закана за САД и за меѓународниот мир и безбедност, јави ДПА.

– Нуклеарното оружје на изолираниот режим и неговата ракетна програма се нарушување на меѓународните договори и тие претставуваа закана за националната безбедост на САД и за меѓународниот мир и безбедност, истакна американскиот претседател.

Тој истакна дека САД ќе продолжат да ги преземаат потребните мерки за своја заштита, како и за заштита на нивните сојузници. – Ќе ја зајакнеме тесната соработка со нашите сојузници и партнери за преземање решителни чекори, се наведува во изјавата на Обама.

– Тие провокации не ја прават Северна Кореја побезбедна, додаде Обама како одговор на тврдењата на Пјонгјанг дека целта на нуклеарата проба била „да се заштитат национаната безбедност и суверенитетот“ на земјата „поради непријателската политика на САД“.

Според Обама заканата, која произлегува од од првокативните дејствија на Северна Кореја бара да бидат преземени брзи и решителни чекори од страна на меѓународната заедница.

Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг исто така ја осуди нуклеарната проба, нагласувајќи оти „Северна Кореја има избор“.

– Или може конструктивно да соработува со меѓународната заедница, да го спречи развивањето на нејзината нуклеарна и ракетна програма и да се врати на преговоите, или може да се соочи со зголемена изолација и натамошни мерки од страна на Советот за безбедност на ОН и меѓународната заедица, нагласи Хејг.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД