Обама-Меркел: Сите треба да прифатат праведна распределба на бегалците

Од:

Американскиот претседател Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел синоќа телефонски разговарале во врска со европскиот одговор на кризата со сириските бегалци, соопшти Белата куќа.

– Двајцата лидери се согласиле за потребата од сеопфатно европско решение во кое сите членки на ЕУ ќе прифатат праведна распределба на бегалците. Тие, исто така, разговарале и за тоа како да се ублажат причините за бегалскиот бран, посебно за овозможување политичка транзиција која би можела да ги обедини Сиријците, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Министрите за внатрешни работи на земјите од ЕУ на средбата во Брисел со големо мнозинство усвоија план за прераспределба на околу 120.000 мигранти ширум Унијата.

Би можело да ве интересира

САД прекинаа да и испраќаат разузнавачки информации на Украина

Горан Наумовски

Франција се обидува да ги обнови врските меѓу САД и Украина

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна

САД продолжуваат да споделуваат разузнавачки информации со Украина

Трамп: Утре ќе биде голем ден, ќе кажам се како што е

Медиуми: Се зголемува бројот на загинати и повредени во Мајнхам

Горан Наумовски