Обама испрати до Конгресот резолуција за напад на Сирија, Конгресот поделен

Од:

Белата куќа испрати до Конгресот нацрт-резолуција, како резултат на одлуката на Обама да побара одобрение за напад врз режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Во резолуцијата е посочено тврдењето на администрацијата дека режимот на Асад убил над 1.000 лица во напад со хемиско оружје на 21 август. Исто така се вели и дека цел на воениот одговор на САД е да „ја одврати, спречи и намали големината“ на способноста на режимот да користи хемиско оружје.

Со резолуцијата се овластува Обама да ги искористи сите воени средства, оценети како „соодветни и неопходни“, за да се спречи преминување на хемиското оружје во рацете на
терористички групи и да се заштитат САД и нивните сојузници од заканата од такво оружје.

По најавата дека е донесена одлука за напад врз Сирија, поделени се реакциите меѓу конгресмените.

Дел од нив изразуваат поддршка и веднаш се враќаат во Вашингтон од колективниот годишен одмор на кој се до 9 септември, други веќе најавија дека ќе гласаат против барањето.

Стотина конгресмени бараа од Обама да побара дозвола од Конгресот пред да ја нападне Сирија. Откако претседателот го стори тоа, во Претставничкиот дом со критики, дека на тој наичин Обама абдицира од својата одговорност како врховен командант и дека го поткопува авторитетот на идните претседатели.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас