Обама: Импресивен напредок на Мексико

Од:

Американскиот претседател Барак Обама го поздрави импресивниот напредок на Мексико и апелираше граѓаните на САД да ги отфрлат стереотипите кои што ги имаат за таа држава.

-Некои Мексиканци може да помислат дека САД не ја почитуваа нивната држава и дека се обидуваат да се вмешаат во нивната внатрешни прашања или дека сакаме да се изолираме-изјави Обама во текот на својота 24-часовна посета во Мексико.

Тој истакна дека кога станува збор за двете држави, ставовите на граѓаните имаат многу стереотипи.

-И покрај силните врски и вредности кои што не поврзуваат, ставовите на граѓаните на двете држави понекогаш се со стереотипи. Некои Американци, Мексико го гледаат низ призмата на сензационалистичките наслови за насилство и за премин на границите – рече Обама во текот на посетата на Антрополошкиот музеј во Мексико Сити.

Тој додаде дека на САД им е јасно дека дрогата е основна причина за насилството во Мексико.

-Признаваме дека најголемата количина на оружје кое се употребува за насилството овде, доаѓа од САД – нагласи претседателот на САД, алудирајќи на војната помеѓу наркокартелите во Мексико.

Американскиот претседател во четврток му одаде признание на својот мексикански колега Енрике Пења Њијети и на неговата храброст во спроведување на реформите во државата.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД