Обама го повика Конгресот да ја потврди имиграциската реформа

Од:

Американскиот претседател Барак Обама го повика Долниот дом на Конгресот на САД да го усвои законот за имиграција, кој изминатиот месец го усвои Сенатот, а кој предвидува значајни мерки и реформи на имиграцискиот процес.

Американскиот Сенат на крајот на јуни го усвои долгоочекуваниот закон, кој на милиони имигранти ширум САД ќе им овозможи да добијат државјанство на оваа земја.

Обама во редовното неделно радиско обраќање до нацијата оцени дека усвојувањето на законот би придонело за заздравување на американската економија.

Покрај отворањето врати за околу 11,5 милиони имигранти кои веќе се наоѓаат во САД, овој закон ќе ја обврзе Владата да преземе нови чекори со цел спречување на илегалната имиграција во иднина.

Би можело да ве интересира

Американските бази во Европа во состојба на готовност поради можни терористички напади

Вашингтон пост: Од почетокот на војната, САД му дадоа на Израел 6,5 милијарди долари помош

Горан Наумовски

Нова трагедијата во Флорида: Девојче почина во вжештен автомобил

(ВИДЕО) Бајден прогласи состојба на голема катастрофа во Ново Мексико

Ослободена е невината жена која поминала 43 години во затвор во САД

Горан Наумовски

Во Лос Анџелес е издадена наредба за евакуација поради ширење на шумски пожар