ВИДЕО: Обама го искористи правото и гласаше порано во Чикаго

Од:

Американскиот претседател Барак Обама гo искористи правото порано да излезе на избори и и денеска попладне гласаше во  родниот град, Чикаго.

Во Америка, претседателските избори се одржуваат на 6. ноември во вторник, меѓутоа гласачите можат и порано да гласаат во повеќето сојузни држави , со оглед дека изборите се одржуваат во работен ден.

Обама пристигна сам на избирачкото место, и откако изборната комисија со увид во неговата возачка дозвола утврди дека се работи за американскиот претседател му даде и гласачки материјал.

Кандидатот на демократите дури и се пошегува со членовите на комисијата дека сеуште вози автомобил но пред тревникот на Белата куќа,  и дека не може да вози повеќе од 40 километри на час.

„Не можам да ви кажам за кого гласав“, рече Обама по гласањето пред новинарите.

Ова е прв пат некој претседател на САД да го искористи правото порано да гласа, а аналитичарите потегот го толкуваат како повик до неговите поддржувачи масовно да излезат на изборите.

 

Би можело да ве интересира

Американската војска се подготвува за атак на Панамскиот канал

САД тајно ги заоструваат санкциите против Русија

Авион се урна во близина на американски аеродром, нема преживеани

Горан Наумовски

САД предлагаат продолжување на прекинот на огнот во Газа до април

Односите со САД се на ултра високо ниво, изјави премиерот Мицкоски

САД и Израел сакаат да ги преселат Палестинците од Газа во Африка