Обама бара од Трамп да прифати заедничка истрага за руското хакирање

Од:

 Американскиот претседател Барак Обама побарал од неговиот наследник, новоизбраниот претседател Доналд Трамп, да прифати заедничка истрага на двете партии – Демократската и Републиканската, за руското хакирање на изборниот процес во САД, пренесуваат американските медиуми.

На својата последна прес-конференција, Обама не го споменува Трамп по име, но критикувал „некои републиканци“ кои не сакаат да го прифатат сознанието дека Русија се мешала во изборите.

Трамп, кој и понатаму комуницира со јавноста преку Твитер, ги отфрли наодите на ЦИА, а потоа и на ФБИ, за руска вмешаност во хакирањето на Комитетот на Демократската партија и на електронската пошта на директорот на изборната кампања на Хилари Клинтон.

Таквите наоди Трамп ги означи како „глупости“, одбивајќи да прифати дека треба нешто да се истражува.

Медиумите во САД го сметаат таквото негово однесување со убеденоста дека постои обид да му се девалвира изборната победа и таа да се прикаже дека е постигната со „надворешна помош“.

Повеќе влијателни републиканци, меѓу кои и спикерот на Конгресот, Пол Рајан, меѓутоа, сметаат дека наодите на американските безбедносни служби се „доволно алармантни“ за да се се покрене формална истрага за тоа што навистина се случувало.

Сенатори од двете партии, во заедничка изјава, веќе побараа истрага за руското хакирање, порачувајќи дека „Русија не може да се гледа како пријател на САД“.

Обама веќе откри дека во септември, за врема на неговата последна средба со Владимир Путин, го предупредил рускиот претседател за „сериозните последици со кои се соочува Русија“ поради сознанието што САД го има околу хакирањето.

Еден месец подоцна, САД јавно обелоденија дека Русија е директно вмешана во изборниот процес.

Би можело да ве интересира

Вашингтон пост: Од почетокот на војната, САД му дадоа на Израел 6,5 милијарди долари помош

Горан Наумовски

Нова трагедијата во Флорида: Девојче почина во вжештен автомобил

(ВИДЕО) Бајден прогласи состојба на голема катастрофа во Ново Мексико

Ослободена е невината жена која поминала 43 години во затвор во САД

Горан Наумовски

Во Лос Анџелес е издадена наредба за евакуација поради ширење на шумски пожар

(ВИДЕО) Избегната трагедија во забавниот парк Оукс: Се расипа „нишалото“, посетители висеа на 30 метри висина