НСА упаднала во мрежата на производителот на СИМ картички „Гемалто“, според документи објавени од Сноуден

Од:

Американската Агенција за национална безбедност (НСА) и британскиот Центар за владини комуникации (ЦПК), упаднале во компјутерските мрежи на најголемиот производител на СИМ картички во светот и украле клучеви за нивно декодирање.

Тоа се гледа од тајни документи со датум од 2010 година на специјалните служби на Велика Британија, предадени на медиумите од поранешниот службеник на НСА Едвард Сноуден, објавени вчера од „Интерцепт“, јави ТАСС.

Цел на нападот била компанијата „Гемалто“ со седиште во Холандија, која произведува чипови за мобилни телефони и банкарски картички. Нејзини клинети се околу 450 мобилни оператори во целиот свет, меѓу кои американските АТ&Т, Т-мобиле, Верајсон и Спринт.

Според „Интерцепт“ холандската компанија не знаела за упадот, додека не била информирана од весникот.

Потпретседателот на „Гемалто“ Пол Беверли изрази загриженост и изјави дека дека главна задача сега е да се одреди големината на упадот и како бил извршен, со цел да се спречи нов упад во иднина.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска