НСА смета дека обелоденувањето на нејзините програми за следење било направено „премногу драматично“

Од:

Објавувањето на постоењето на програмите за следење комуникациите на американската Агенција за национална безбедност (НСА), беше направено „премногу драматично“, изјави директорот на НСА, генерал Кит Александер.

– Информациите за програмите, собраните податоци од телефонски разговори и електронски комуникации, изнесена од поранешниот консултант на НСА, Едвард Сноуден, беа презентирани премногу драматично и преувеличени од повеќето медиуми, рече Александер.

Според него, медиумите акцентот го ставиле врз тоа дека НСА прислушува разговори и ги чита електронските писма. – Тоа не е точно… Ние знаеме дека нашата работа е да ја браниме нашата земја. Тоа е достоинствена мисија, изјави генералот на прес-конференција во Вашингтон, посветена на компјутерската безбедност „Билингтон киберсекјурити самит“.

– Иднината на земјата зависи од нашата способност да ја штитиме од кибернапади и терористички закани, а за таа цел ние имаме потреба од технички средства, истакна Александер.

Шефот на НСА потсети дека по нападите во САД од 11 септември 2001 година, во земјата се извршени сосема мал број терористички акти и покрај порастот на заканите низ светот.

– Тоа не е случајно, тоа е резултат на огромна работа, нагласи Александер, посочувајќи дека над 50 терористички закани биле откриени и спречени ширум светот благодарение на разузнавачки информации, добиени со помош на програмите за следење, кои наидоро на остри критики од повеќе земји, а пред се од Германија и Бразил.

За Едвард Сноуден, чие име не го спомена, генералот кажа дека НСУ му укажала доверба, а тој ја предал. – Такво нешто веќе нема да се случи. Тоа не те прави херој, оцени Александер.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска