НРА Видео: Обама против вооружени чувари во училиштата, а неговите ќерки ги штитат агенти

Од:

Американската асоцијација за оружје (НРА) објави видео на интернет во кое се споменуваат ќерките на претседателот Барак Обама, прашувајќи дали неговите деца се поважни од другите.

НРА – лоби кое се залага за поседување на оружје во САД, го нарече Обама лицемер, бидејќи неговите вооружени тајни агенти ги заштитуваат неговите ќерки во училиште додека нивниот татко се спротиставува на воведување на вооружени чувари во американските училишта.

Белата куќа го нарече “одвратно и кукавичко” видеото кое ги прикажува ќерките на американскиот претседател Барак Обама кое го објави Американската асоцијација за оружје (НРА).

Портпаролот на американскиот претседател Џеј Карни рече дека поголемиот дел од Американците се согласуваат дека децата на претседателот, не треба да се користат како пиони во политичката борба.

Здружението го објави видеото, пред Обама денеска да ги изнесе неговите предлози за спречување на насилствата во земјата, предизвикани од оружје.

Обама го повика Конгресот да воведе проверки на луѓето кои купуваат оружје и да им забрани на граѓаните да поседуваат јуришно оружје и шаржер со повеќе од десет куршуми, што се сите мерки на кои се спротивставува (НРА).

Обама ги предложи овие мерки по масакрот во основното училиште во Њутаун, Конектикат. Лоби за оружјето побара да се воведат вооружени чувари во секое училиште.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас