Ново жариште на птичји грип во Јапонија – уништени речиси 42 илјади пилиња

Од:

Речиси 42 илјади птици се уништени во јапонската префектура Мијадзаки на јужниот остров Кјушју поради епидеммија од птичји грип, соопштија властите.

Птичји грип е регистриран на фарма за птици во предградие на Мијадзаки – главен град на префектурата, јави ДПА.

Работниците пронашле најмалку 30 илјади мртви пилиња. Воведен е карантин во радиус од 3 км. и забрана за изнесување продукти од фармата.

Според властите, во радиус од 10 км. од таа фарма се одгледуваат околу два милиона пилиња. Оваа година во Јапонија имаше три места каде се појави птичји грип и веќе се уништени речиси 150 илјади пилиња.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија