Ново откритие на археолозите на Велигденскиот остров

Од:

Тим археолози, кој работи на Велигденскиот остров, откри дека Моаи скулптурите освен глави имаат и тела кои се протегаат неколку метри под земја. На овој остров има околу илјада скулптури но, ова откритие со сигурност ќе привлече уште повеќе туристи.

„Нашите ископувања открија торза на две скулптури високи седум метри. Посетителите беа воодушевени кога видоа дека Моаи скулптурите имаат и тела. Што е уште поважно откривме многу за техниките на древното градежништво“, изјавила за Daily Mail, директорката на проектот Easter Island Statue.

Се претпоставува дека Моаи скулптурите се стари измеѓу 400 и 1.000 години, но не се знае кој, кога и зошто ги направил. Сите статуи се изработени од вулканска земја. Тие помеѓу себе изгледаат многу слично, но се многу различни по големина. Просечната висина на една статуа е околу 5 метри, но има многу такви кои достигаат и до 20 метри. Една таква фигура тежи околу 100 тони.

[nggallery id=33]

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска