Австрија и Швајцарија пријавија дека го регистрирале присуството на новиот сој Омикрон.
Здравствените власти во австриската покраина Тирол објавија дека присуството на новиот сој е потврден со секвенционирање. Постои сомнеж дека покрај првиот случај, со новиот сој се заразени уште 30 лица.
Во саботата навечер властите во Тирол објавија дека пости сомнителен случај кај едно лице кои се вратило од патување во Африка. На аеродромот во Виена се прави детална контрола на патниците од јужноариканските земји. Вклучена е и војската која го контролира влезот на патници за да нема заобиколување на забраната за влез во земјата од државите од југот на Африка која е во сила од петокот.
Забранети се и летови од земјите на овој дел од светот. Дозволен е влез само на австриски државјани и тоа со негативен ПЦР тест и задолжителен карантин од десет дена.
Швајцарија утрово исто така објави дека го регистрирала првиот случај на новиот сој.
Се работи за лице кое се вратило од Јужна Африка пред една седмица пренесува швајцарската Федерална канцеларија за здравство на Твитер.
Швајцарија наложи патниците од 19 земји да покажуваат негативен ПЦР тест при влез во земјата. Овие лица исто така мора да одат и во карантин.