Новиот подвид на омикрон БА.2 не е причина за паника велат научниците

Од:

Новата подваријатна омикрон во последно време привлекува големо внимание на науката со оглед дека во одредени делови од светот станува доминантна причина за заразите со Ковид-19.

Експертите велат дека БА.2 не е причина за паника. Овој подвид првпат беше идентификуван на почетокот на декември и од тогаш се прошири во 49 земји во светот вклучувајќи ги и САД.

„Меѓу сите варијанти омикрон, оваа покажува најголем пораст на новите случаи. Но, мора да бидеме внимателни кога ги толкуваме овиде податоци затоа што поголемата зачестеност е многу полесно да се регистрира наспротив помалиот број случаи“ – вели експертот за заразни болести од Универзитетот во Чикаго, Рамон Лоренцо- Редондо.

Како и класичната верзија на омикрон и БА.2 има голем број промени, околу 20 на шилестиот протеин. Меѓутоа, за разлика од омикрон, тој не создава одреден потпис на лабораториските тестови, што значи дека на прв поглед може да наликува на останатите варијанти на Ковид-19.

Засега нема показатели дека БА.2 создава потежок вид заболување или дека полесно се шири од изворната варијанта омикрон. Британската Агенција за здравствена сигурност објави извештај во кој се наведува дека вакцините кои се користат штитат еднакво добро и против БА.2 како и против оргиналната форма омикрон.

Варијантата омикрон во себе создржи повеќе подврсти на вирусот. БА.1 е причина за речиси сите инфекции во САД, додека БА.2 неодамна почна да се шири во други земји, особено во Индија и во Данска.

Подваријантата БА.2 е предизвикувач на речиси половина од случаите на Ковид-19 во Данска. Здравствените власти објавија дека подваријантата е доминантна во земјата.

Научниците велат дека не изненадува појавата на подвидови на омикрон и дека ова е нешто што треба да се очекува со оглед дека околу половина од светската популација уште не е вакцинирана.

Би можело да ве интересира

Во Америка се појави нова варијанта на омикрон, Германците предупредија за брзото ширење на вирусот

А1он

Во Грција почнува имунизација со вакцини за новите подваријатни на Омикрон

А1он

Во Грција потврден првиот случај на „Кентаур“, нова подваријанта на Омикрон

А1он

ЕМА: Не знаеме какви соеви на Ковид-19 ќе се појават зимава

А1он

Европската Агенција за лекарства одобри две верзии вакцини против Омикрон сојот на коронавирусот

Ана Ололовска

Пократко боледување поради сојот Омикрон во Србија

А1он