Новиот либиски претседател: Либија нема да му биде товар на светот

Од:

„Ние нема да бидеме товар“, рече новиот либиски претседател Мохамед ал – Мегарјеф, откако изрази жалење поради нападот на екстремистите на амбасадата во Бенгази, за време на првата средба со американскиот државен секретар Хилари Клинтон.

Либискиот претседател и Клинтон се сретнаа на Генералното собрание на ОН, што се одржува околу недела дена откако во неколку муслимански земји еруптираа насилни протести поради анти-исламскиот филм, снимен во Америка.

Убиството на американскиот амбасадор во Либија, Крис Стивенс, заедно со тројца други членови на дипломатскиот персонал за Мегарјеф не е случај кој го преставува односот на либискиот народ кон американскиот народ.

Клинтон се заблагодари на либискиот претседател и неговата влада за напорите кои тие ги направиле за да бидат изведени сторителите на злосторот пред лицето на правдата и истакна дека САД ќе продолжи да ја поддржува Либија во демократскиот пат.

Би можело да ве интересира

Либиските власти пронајдоа речиси 50 тела во две масовни гробници во пустината

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании