Новиот индонезиски претседател ќе бара мислење на јавноста за новите министри

Од:

Новоизбраниот претседател на Индонезија Јоко Видодо денеска ја промовира својата нова ВЕБ страна „Избор на народот за новиот кабинет’’ со која од јавноста очекува оценки за тоа кои ќе бидат новите 34 министри во владата. Во ова истражување тимот на Видодо понуди по три имиња на можните министри за одделни ресори, а оставена е и можност учесниците на анкетата да предложат уште по еден кандидат.

На листата што ќе оди на оценки на јавноста има и неколку имиња од сегашната министерска гарнитура, меѓу кои и сегашниот министер за надворешни работи Марти Наталегава.

Очекувано, на листата има најмногу имиња од коалицијата што застана зад кандидатурата на Видодо. Покрај членови на неговата Демократска партија на Борбата, во победничката коалиција се и четири помали партии, кои вкупно имаат 46 остро од парламентарните седишта.

Новоизбраниот претседател на Индонезија одби да ги соопшти имињата на неговиот тим што ќе му помага во составувањето на новата влада. Со тоа Јоко Видодо сака да ги избегне евентуалните интервенции и притисоци врз членовите на тимот. Меѓутоа, тој на новинарите категорично им соопшти дека дефинитивната одлука за министерскиот состав ќе ја донесе лично.

Новата влада на Индонезија ќе биде именувана на 23 октомври. Дали во неа ќе влезат и некои од сегашните министри зависи и од исходот на преговорите за вклучување на сега владејачката партија на претседателот Бамбанг во коалицијата на Видодо. Новиот претседател на Индонезија не сака да коментира ништо во врска со овие преговори.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени