Уредникот за социјалните медиуми во агенцијата „Ројтерс“ Метју Кис е обвинет во САД за учество во заговор, заедно со хакерската група „Анонимуси“.
Според обвинувањето, Кис заедно со хакерите од „Анонимуси“ извршиле упад во интернет страницата на Трибјун Компани, каде новинарот на „Ројтерс“ порано работел.
Лодонските медиуми откриваат дека Кис на припадниците на „Анонимуси“ им ги дал основните податоци и лозинката, за да може да извршат упад во серверот на компанијата. На тој начин, Кис им овозможил, барем еднаш да навлезат на сајтот на интернет изданието на „Лос Анџелес Тајмс“. Инцидентите се случиле пред Кис да се вработи во агенцијата „Ројтерс“.
Претставник на агенцијата потврди дека „знае за случајот“ но одби да даде било какви детали, како и да го коментира однесувањето на својот врабoтен. Метју Кис демантира дека направил нешто лошо, па на својата страница на Твитер само запишал дека продолжува со работата како ништо да не се случило.