Нови судири меѓу војската и вооружените групи во Либија

Од:

Најмалку еден војник е убиен во синоќешните судири во источнолибискиот град Бенгази. Судирите се случиле во западниот дел на градот меѓу воружени групи и специјалните единици на војската, неколку часа по експлозијата, чија цел била зграда на судот.

– Судирот избил меѓу специјалните единици и непознати вооружени групи, изјави портпаролот за безбедносни операции во Бенгази, Мохамед ал Хијази.

Тој истакна дека еден војник е убиен и оти специјалните единици ја вратиле контролата.

Бенгази, седиште на бунтот против поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, изминатите три дена се соочува со експлозии, убиства, насилни протести и масовни бегства од затворите.

Насилството и беззаконието, во кои често пати се вмешани поранешните бунтовнички групи, го отежнува управувањето со овој дел од земјата, кој е богат со нафта.
Во вчерашната експлозија на бомба пред судот, загинаа 43 лица.

Би можело да ве интересира

Либиските власти пронајдоа речиси 50 тела во две масовни гробници во пустината

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании