Нови резултати и нови критики за професорот Дидие Раул

Од:

Научно-истражувачкиот институт на професорот Дидие Раул во Марсеј на интернет го објави резимето на новата студија во која се спомнуваат заслугите на хидроксихлорокин против коронавирусот, чија методологија веднаш предизвика нови критики од медицинската сфера, јави дописникот на МИА.

-Хидроксихлорокин (добиен од хлорокин, лек против маларија) во комбинација со азитромицин (антибиотик,), администриран веднаш по дијагнозата, е безбеден и ефикасен третман против Ковид-19, се наведува во заклучокот на истражувањето, што денеска беше претставено на претседателот Емануел Макрон за време на неговата изненадувачка посета на Болничко-универзитетскиот институт Медитеране Инфекција.

Според студијата, на 1.061 пациенти тестирани позитивно за новиот коронавирус и заразени „најмалку три дена“ го добиле овој третман промовиран од специјалистот за заразни болести. По 10 дена, повеќе од девет од десет пациенти (91,7 отсто) имаа нула вирусно оптеретување, што значи дека не е пронајден коронавирус во нивните анализи, а пет лица починале, пациенти на возраст од 74 до 95 години.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата