Нови протести во Франција против пензиската реформа

Од:

Нови протести во Франција се планирани денеска против контроверзната пензиска реформа, откако левичарската партија „Непокорна Франција“ и разни младински организации најавија дека свикуваат собири, јави ДПА.

Бидејќи сегашниот пензиски систем не може да се финансира долгорочно поради стареењето на населението, француската влада сака да ја зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.

Дополнително, се планира зголемување на стажот потребен за пензија, што ќе расте и побрзо од старосната граница за пензионирање, како и укинување на некои пензиски привилегии за одредени категории на работа. Истовремено минималната пензија ќе се зголеми на околу 1.200 евра.

Сега возраста за пензионирање е 62 години. Но, често луѓето заминуваат во пензија по оваа возраст бидејќи не уплатиле доволно придонеси во пензискиот систем.

Во четвртокот, повеќе од 1,1 милион луѓе ширум државата учествуваа во големи штрајкови и масовни протести против плановите на владата за пензиските реформи. Беше објавено дека само во Париз на улиците излегле 80.000 луѓе.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Протест во Кочани, родителите обвинуваат – „Полицијата не интервенираше навремено“

А1он

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

ССМ најави протест на 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

Нова истрага против Марин Ле Пен