Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

Од:

Претставниците на Советот на ЕУ и на Европскиот парламент постигнаа привремен политички договор за директивата, која треба да го олесни спроведувањето на казните за возачите кои ќе сторат сообраќајни прекршоци во друга земја-членка.

Привремената политичка спогодба, која допрва треба да ја потврдат Советот и Собранието за да стане закон, се однесува на измената на директивата од 2015 година за прекугранична размена на информации за прекршоци во сообраќајот на патиштата.

– Ревидираниот закон ќе обезбеди еднаков третман за сите возачи во ЕУ, без разлика на нивното државјанство – изјави белгискиот министер за мобилност Жорж Гилкинет.

Новата директива сега освен најчестите и најтешките прекршоци, како што се брзо возење или возење под дејство на алкохол и дрога, ќе опфати и други прекршоци.

Би можело да ве интересира

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали