Нови напади од Појасот Газа врз израелска територија

Од:

Четири ракети беа испукани синоќа од Појасот Газа врз израелска територија откако полицијата во палестинската територија уби лидер на Исламски џихад.

Нема жртви нитуматеријална штета. Две од ракетите паднале во јужен Израел додека другите две биле пресретнати од израелски систем за ПВО.

Во одговор, израелската авијација нанесе ноќеска удари врз Појасот Газа во кој нема жртви. Проектилите од Појасот Газа беа испукани откако лидер на военото крило на радикалната Исламистички џихад беше убиен во престрелка со полицијата во крајбрежен сектор кој е под контрола на Хамас.

– Исламски џихад ги обнови контактите со Хамас, изјави неименуван претставник на радикалната група. Двете групи имаат најбројни радикални крила во Појасот Газа – Хамас има околу 20 илјади борци и Исламски џихад околу осум илјади.

Би можело да ве интересира

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

Хамас ги повика поддржувачите ширум светот со оружје да се борат против планот на Трамп за Газа

Во Газа пронајдени 14 тела на хуманитарци

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут