САД и нивните партнери од меѓународната коалиција извршиле шест воздушни напади врз цели на џихадистичката групација Исламска држава во Сирија и 12 во Ирак, соопшти американската армија.
Пет од нападите биле во регионот на Кобане, каде биле нападнати воени позиции на џихадистите, три тактички единици и голема формација.
Бомбаридирањата биле извршени од осум часот утрото по локално време во средата во период од 24 часа, се наведува во соопштението на Мултинационалната заедничка коалиција.
Пентагон соопшти оваа недела дека 90 отсто од екстремистите се протерани од Кобане, кој се наоѓа во близина на границата со Турција.