Нови меки диктатори

Од:

Вијести – Подгорица

Под диктатура обично се подразбира владеење со помош на насилство. Во 20-от век на тоталитарните системи, тирани како Сталин, Хитлер и Мао, убија милиони луѓе во име на бизарни идеологии. Моќници како што беше Мобуту Сесе Секо во Заир оставија крвава трага зад себе.

Но, во последните децении се појави нов вид на авторитарни владетели, подобро прилагодени на времето на глобалните медиуми, економската меѓузависност и информатичката технологија. Меките диктатори ја концентрираат моќта, ја гушат опозицијата и ја укинуваат внатрешната контрола, а притоа не користат сила.

Се заканува опасност, неолибералните лидери како Алберто К. Фуџимори во Перу, Владимир Путин во Русија, Виктор Орбан во Унгарија, Реџеп Тајип Ердоган во Турција, Махатхир Мохамед во Малезија и Уго Чавез во Венецуела, да го преобразат светскиот поредок по своја мерка, а принципите за слободата и правата, иако донекаде ги поддржуваат западните сили, да ги заменат со цинизам и корупција.

Западот мора да сфати дека тие режими функционираат и дека треба да им се спротивстават.

Некои крвави идеолошки системи опстојуваат, на пример во Сирија и Северна Кореја, но рамнотежата се промени. Во 1982 година 27 отсто недемократски земји учествуваа во масовни убиства. Веќе во 2012 година тоа се сведе на шест отсто земји. Во истиот период бројот на недемократските земји во кои нема избрани правосудни органи, падна од 31 на 15 отсто.

Почетокот на тие сеопфатни промени можеби го означи Ли Куан Ју, премиер на Сингапур, кој парламентарните институции ги комбинираше со строга општествена контрола, повремени политички апсења и чести судски процеси, што требаше да го заплашат печатот, но институционализираше и програми поволни за бизнис кои го поттикнаа астрономски економскиот раст.

Новите автократи често доаѓаат на власт по пат на релативно чесни избори. Така Чавез во 1998 година победи на изборите кои меѓународниот мониторинг ги оцени како најтранспарентни во историјата на Венецуела.

Растечката поддршка на јавното мислење е поевтин и истовремено поефикасен пат кон власта, отколку теророт.

Ердоган ја користеше својата популарностза по пат на референдум да донесе амандмани на Уставот и го конституираше Уставниот суд на Турција, така како што му одговараше.

Новите автократи користат пропаганда, цензура и други информациски трикови за да го зголемат својот рејтинг и да ги убедат граѓаните дека се подобри од достапните алтернативи. Тие негуваат неодредена одбојност кон Западот: Орбан ја исмеваше европската политичка конкретност и ја отфрлаше конкурентноста иако истовремено од ЕУ бараше помош за развој.

Кога економиите добро им функционираат, таквите лидери ги кооптираат потенцијалните критичари со материјални награди. Кога времињата се тешки, користат цензура. Новите автократи ги подмитуваат сопствениците на медиумите со договори за реклами, се закануваат со тужби за клевета и ги поттикнуваат прорежимските инвеститори да купуваат важни медиуми.

Тие имаат власт над интернетот така што спречуваат пристап на независни веб сајтови, изнајмуваат ботови чија задача е да ги преплават страниците со прорежимски коментари и им плаќаат на хакери да ги напаѓаат опозициските медиумски сајтови.

Новите диктатури негуваат мал дел од демократската опозиција за да симулираат постоење на конкуренција. Изборите ја потврдуваат популарноста на шефот на државата. Неодамна во Казахстан претседателот Нурсултан Назарбаев повторно беше избран со 97,7 отсто гласови.

Рекламната технологија која е подесена за продажба на фордови и лименки пепси-кола, добиваат нова примена. Путин ја изнајми „Кечам“, врвна компанија за односи со јавноста, да лобира за интересите на Кремљ на Западот. Други ангажираат поранешни западни лидери како консултанти, на пример, Назарбаев го ангажираше Тони Блер, или даваат донации на нивните фондации.

Но, пред се, новите автократи штедливо користат сила. Тоа е нивна главна иновација. Хитлер стекнувал заслуги со ликвидирање на непријателот. Мобуту ги бесел противниците пред многубројна публика, а претседателот на Уганда Иди Амин со телата на жртвите ги хранел крокодилите. Барањето на одговорност било дел од стратегијата: ги плашел граѓаните.

Новите автократи не се гадливи, тие се во состојба сурово да се пресметаат со сепаратистите и да тепаат демонстранти. Но, насилството ја открива вистинската природа на режимот и поддржувачите ги претвора во противници. Денешните диктатори го негираат соучеството во случаи на убиства на опозициски активисти или новинари.

Пример е поранешниот украински претседател Леонид Кучма. Снимката на неговата наредба да се киднапира новинарот Георгиј Гонгадзе, кој подоцна беше најден мртров, придонесе за разгорување на Портокаловата револуција во 2004 година и доаѓање на противниците на Кучма на власт.

Но, насилството не е само скапо, тоа е и непотребно. Затоа новите авторитарни владејачи попрво ги блокираат политичките соперници со бескрајни судски процеси, сослушувања и други правни формалности. Нема причина да создаваат маченици кога своите ривали можат да ги победат така што им го трошат времето. Путиновите агенти почнаа низа кривични постапки против опозицискиот лидер Алексеј Навални: обвинет е за измама на француска козметичка компанија и кражба на дрва, а сослушуван е и поради убиство на елен.

Западот пред се мора да се позабави со сопствената улога во овозможување на делувањето на таквите автократи. Лобирањето во корист на диктатори треба да се гледа како сериозно кршење на деловната етика. Западните демократии треба да обезбедат објективно емитување на вести на домашен јазик, за да парираат на пропагандата и на цензурата. А бидејќи диктатурите кои владејат со информациите се подложни на притисоците од модернизацијата и неизбежно им се случуваат промашувања, нам ни треба трпение.

Граѓаните не добиваат информации само по пат на пропаганда, туку и така што гледаат колку заработуваат, т.е. како што велат Русите, можат да бираат: телевизорот или фрижидерот.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски