Нови израелски воздушни напади, убиени 12 Палестинци

Од:

Дванаесет Палестинци загинаа во новите израелски воздушни напади во Појасот Газа, соопштијаспасувачките служби.

Деветмина Палестинци се убиени во Рафах, а тројца во централниот дел на Газа.

Претходно израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека израелската операција против Хамас ќе продолжи колку што е потребно и со цела неопходна сила.

– Од самиот почеток ветивме враќање на мирот за сите граѓани на Израел и ќе продолжиме да дејствуваме додека не ја постигнеме таа цел. Тоа ќе трае толку колку што е потребно и ќе ја ангажираме целата неопходна сила, истакна Нетанјаху.

Тој нагласи дека израелската војска моментно спроведува неутрачизирање на тунелите во газа, кои на Хамас му овозможиле да „убие голем број на граѓани извршувајќи симултани напади“.

Израелската војска денеска ја објави смртта на војникот за кој претходно се претпоставуваше дека во петокот го киднапирале припадници на Хамас за време на борбите во Појасот Газа, по што беше прекинато и привременото примирје.

Војската соопшти дека 23-годишниот војник Хадар Голдин загинал за време на борбите во Газа.

Израел веруваше дека војникот е киднапиран во заседа, во која бомбаш-самоубиец изврши напад, убивајќи двајца војници.

Наводното киднапирање на Голдин предизвика осуда од ОН и САД, кои посредуваа во договорот за тридневен прекин на огнот.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци