Нови фотографии на Сатурн и Титан

Од:

Леталото на американската вселенска агенција „Касини“ сними нови фотографии на планетата Сатурн и неговата најголема месечина Титан, на кои можат да се видат спектакуларни бои и промена на годишните времиња.

На една од фотографиите забележливи се промени на нијансата на северната и јужната хемисфера на Сатурн во периодот на менувањето на годишните времиња. Кога „Касини“ пред осум години стигна до Сатурн, северната, тогаш зимска хемисфера на планетата беше азурно сина. Сега, кога зимата настапува на јужната хемисфера на планетата, а летото на северната боите се менуваат. Сината боја исчезнува од северната и се појавува на јужната хемисфера.

На другата фотографија е новооткриениот јужен поларен вртлог во атмосферата на Титан. Камерите на „Касини“ на 27. март снимија концентрација на жолтеникава магла на јужниот пол на оваа месечината. Леталото забележа и насобирање на облаци околу јужниот пол. По проаѓање покрај Титан „Касини“ испрати фотографија на вртлог кој се движи побрзо од тотациониот период на сателитот. Овие фотографии се направени во мај, јуни и јули оваа година.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата