Неколку стотици демонстранти се собраа вчера во Триполи и бараа распуштање на полицијата и нелегалните бригади, како и формирање нови полициски и воени сили.
Според „Франс прес“ нивна цел е да се спроведе собраниската одлука за повлекување на полицијата од главниот град на Либија.
Во меѓувреме либискиот премиер, Али Зејдан рече дека има потреба од распуштање на бригадите и другите формации, кои некогаш како бунтовници се бореле против долггодишниот лидер на Либија, Моамер Гадафи, како и за нивно интегрирање, во полиција и армија.
-Во иднина никој нема да носи оружје во Либија, освен ако е дел од војската или полицијата – изјави Зејдан.
Елена Георгиевска