Нови четири цивилни жртви во ракетирањата на Триполи

Од:

Повеќе десетици ракети паднаа врз Триполи, при што загинаа најмалку четворица цивили и сериозно е оштетен аеродромот во либиската престолнина, а Владата на Национално единство (ГНА) нападот им го припиша на ривалските сили на маршалот Калифа Хафтар.

Мисијата на ОН во Либија (УНСМИЛ) на Твитер изрази жалење „поради ужасната глетка, што веќе стана вообичаена“.

Помеѓу средата и неделата, во ракетирањата на неколку квартови на Триполи загинаа најмалку 19 лица, од кои 17 цивили и двајца полицајци, соопшти Меѓународно призната влада.

Силите на Маршал Хафтар, кој владее со истокот на земјата, во април 2019 година почнаа офанзива за зеземање на Триполи, каде е седиштето на националната влада.

Двете страни се борат за надмоќ во земјата богата со нафта, во која владее хаос по падот на режимот на Моамер ел-Гадафи во 2011 година.

Странските воени мешања го интензивираа конфликтот. Обединетите Арапски Емирати и Русија го поддржуваат Хафтар, а Турција ја поддржува Владата на национално единство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски