Нови 367 жртви од коронавирус во Франција

Од:

Генералната дирекција за здравство во дневниот извештај за епидемијата со Ковид-19, соопшти дека во изминатите 24 часа се забележани нови 367 смртни случаи, со што бројот на жртвите достигна 23.660.

Од 1 април во Франција официјално од коронавирусот починаа 23 660 лица, од нив 14 810 во болниците, а 8850 во социјалните и медицинско социјалните установи (старски домови).

На болничко лекување се наоѓаат 27 484 лица (571 помалку за 24 часа), а 4387 лица се на интензивна нега (221 помалку во споредба со вчера).

Според француските здравствени власти, 48 886 биле излекувани во болница од Ковид-19.

Официјално во земјата беа регистрирани 129 859 случаи на заболени од Ковид-19 (потврдени со тестовим инаку бројката е многу поголема), а за само последните 24 часа има нови 1520 случаи.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата