Нови 231 жртви на коронавирусот во Франција, вкупно 1.331

Од:

Бројот на починатите во Франција од Ковид-19 порасна за 231 нов случај во последните 24 часа, притоа 2.827 лица се наоѓаат на интензивна нега, јави дописникот на МИА.

Во Франција во моментов има 25.233 случаи на заразени со коронавирусот, потврдени со тестови, од нив 11.539 лица се на болничко лекување, а од почетокот на епидемијата излечени се 3.900 лица.

На редовниот вечерен брифинг за ситуацијата во Франција, генералниот директор за здравство Жером Саломон, соопшти дека во болница од Ковид-19 починале вкупно 1.331 лица. Од нив 86 отсто се на возраст од над 70 години. Една третина од лицата кои се на интензивна нега се помлади од 60 години, додека 59 отсто се на возраст од 60 до 80 години.

Во наредните денови владата ќе соопшти до кога ќе важат мерките за забрана за движење.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано