Новата влада на Бразил ќе има 37 министри

Од:

Владата на новоизбраниот претседател на Бразил Луис Инасио Лула да Силва ќе има 37 министри, односно многу повеќе од владата на Жаир Болсонаро, која имаше 23 министри, соопшти синоќа идниот кабинет на претседателот.

Иако бројот на сектори се зголеми за 60 отсто за време на третиот мандат на Лула да Силва, кој започнува на 1 јануари, неговиот кабинет вели дека бројот на државни службеници кои работат во министерствата ќе остане практично непроменет.

„Претседателот (Лула) побара од нас да ги распарчиме министерствата, но без да отвориме нови работни места. Трошоците и обемот на расходите ќе бидат исти, без разлика на бројот на министерствата. Одлучивме владата да има 37 министерства, рече министерот за социјални работи Руи Коста.

Според неговите зборови, ќе се формира Министерство за автохтони народи, кое ќе го води претставник на тие народи.

Лула да Силва (77) по трет пат ќе биде претседател на Бразил, по два мандати од 2003 до 2010 година. Во вториот мандат во владата имаше 37 министри.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата