Новата словенечка коалиција договорена – се чека Пахор да каже дали Јанша ќе биде новиот мандатар

Од:

Словенечкиот претседател Борут Пахор најави дека утре ќе соопшти дали мандатот за состав на нова Влада ќе му го даде на Јанез Јанша.

Oваа најава доаѓа по парафирањето на коалицискиот договор меѓу партиите СДС (Словенечка демократска партија), СМЦ (Партија на Модерен Центар), НСИ (Нова Словенија) и ДеСУС (Демократска Партија на пензионерите во Словенија).

ПОП ТВ веќе објави дека Словенија добива нова Влада, но дилемата која сега се отвори е дали овие партии ќе имаат доволен број гласови во Собранието, имајќи предвид дека во дел од партиите има пратеници кои отворено кажаа дека нема да учествуваат и нема да поддржат влада на чие чело би бил Јанез Јанша.

Новите коалициски партии меѓу себе веќе си ги поделија и министерските места во новата Влада.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Новите санкции на ЕУ против Русија носат отстапки за Унгарија

Зеленски: Украина ќе ја загуби војската доколку ја прекине воената состојба поради избори

Горан Наумовски

Радаковиќ: Евидентирани нерегуларности на неколку избирачки места на северот на Косово

Огромен интерес кај Србите за гласање, гужви на избирачките места

Почнаа изборите во Косово, српската заедница бара да се врати во институциите

Орбан: Торнадото на Трамп го промени светот, десницата е иднината