Нова вулканска ерупција на Исланд

Од:

На југозападниот дел на Исланд, во близина на градот Гриндавик, денеска започна нова вулканска ерупција, соопшти метеоролошката служба на таа земја, на чиј полуостров Рејкјанес има пет вулкански ерупции од 2021 година, објави исландскиот јавен сервис RUV.

Населението на Гриндавик од околу 4.000 луѓе претходно беше евакуирано поради значителна сеизмичка и магма активност, а цивилната одбрана го подигна нивото на опасност во областа на вонредна состојба.

Во близина на Гриндавик има и туристичка атракција, геотермалната бања Сина лагуна, каде што исто така е евакуиран хотелот, пренесува Танјуг.

Последната ерупција на полуостровот Рејкјанес започна на 18 декември минатата година во вулканскиот систем Сварценги, по целосната евакуација на Гриндавик и затворањето на Сината лагуна, наведува Ројтерс.

Гриндавик беше поштеден од штета за време на последната ерупција во декември, бидејќи лавата течеше во друга насока, заобиколувајќи го градот.

Би можело да ве интересира

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

Лавата по ерупцијата на вулкан на Исланд стигна до источната одбрана на Гриндавик

Горан Наумовски

Еруптираше вулкан на Исланд, локалното население е евакуирано

Горан Наумовски

Евакуирана Сината Лагуна, се очекува ерупција на вулкан на Исланд

А1он

И во Србија и во Исланд не победија фаворитите за претставници на Евровизија

А1он

Силен земјотрес го погоди најголемиот активен вулкан на светот

А1он