Нова средба Камерон-Туск во Лондон

Од:

 Британскиот премиер Дејвид Камерон и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск одново ќе се сретнат во Лондон, за да ги утврдат и проценат реакциите на нацрт-договорот за реформите во ЕУ, кој тие двајцата го усогласија.

Новата средба на Камерон и Туск е првата можност да го разгледаат она што го постигнаа низ преговорите, а на претседателот на Европскиот совет таа ќе му помигне да види што Камерон и Велика Британија ќе преземат во следните две недели.

Нивната средба доаѓа по острата реакција на британските евроскептици од редовите на владечаката Конзервативна партија, кои се незадоволни од договореното и бараат од Камерон да изнуди нови отстапки од Брисел.

Најостриот напад во вчерашната двочасовна дебата во Долниот дом на британскиот Парламент дојде од доскорешниот политички сојузник на Камерон, градоначалникот на Лондон во заминување, Борис Џонсон, кој го нападна премиерот дека го обзбедил „најдоброто во една лоша работа“, оценувајќи дека договорот треба да се доработува.

Камерон го бранеше нацрт-договорот тврдејќи дека со него е остварен „вистински напредок“ во барањата што Владата во Лондон ги достави до ЕУ и Брисел.

Францускиот претседател Франсоа Оланд го поздрави договорот, изразувајќи задоволство што е најден компромис.

– На крајот е најден компромис за работите кои изгледаа дека се тешко решливи, но до Самитот на ЕУ на 18 и 19 февруари, не смее да има нови преговори или дополнително разубавување на текстот на договорот, рече францускиот претседател Оланд.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он