Експертите предупредуваат на нова инфекција: „Грип од камила“ од Светското првенство

Од:

Британската управа за здравје и безбедност ги предупреди сите кои се враќаат од Катар, кој моментално е домаќин на Светското првенство, да ги следат симптомите на „грип од камила“, потенцијално фатална респираторна инфекција чии симптоми вклучуваат треска, кашлица и повраќање. Инфекцијата може да биде фатална за заразените, а според податоците на Светската здравствена организација секој трет заразен умира од неа.

Блискоисточниот акутен респираторен синдром (МЕРС) може да се зарази преку контакт со камили, објавија британските здравствени власти.

Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија ги предупреди лекарите да бидат внимателни кога се во прашање навивачите кои се враќаат од Светското првенство, а кои покажуваат знаци на болест, пишува Тајмс, пренесува Дејли Мејл.

„Ризикот од заразување на нашите граѓани е многу мал, но може да се зголеми за оние кои се изложени на одредени фактори на ризик во тие региони, како што се камилите“, се наведува во упатствата на Агенцијата.

МЕРС може да се зарази преку близок контакт со камили или со консумирање производи од камили, на пр. непастеризирано млеко од камила.

Други фактори на ризик се близок контакт со заразено лице. Наводно, многу навивачи кои присуствувале на Светското првенство уживале во јавањето камили во Катар.

Во ОК до денес се пријавени пет случаи на МЕРС, а последниот познат случај е регистриран во август 2018 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Катар им го предаде на Хамас и на Израел конечниот „нацрт“ договор за примирје во Газа

Катерина Ѓуровски

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја