Нов земјотрес на индонезискиот остров Сулавеси

Од:

Нов земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во индонезискиот град Палу, кој беше опустошен од земјотрес и цунами минатиот месец.

– Епицентарот беше на длабочина од 10 километри од островот Сулавеси, соопшти портпаролот на Националната агенција за борба со катастрофи во Индонезија.

Земјотресот, кој траел пет секунди, ги принудил жителите да ги напуштат своите домови.

Во земјотресот што се случи на 28 септември, со интензитет од 7,5 степени, загинаа 1.948 лица, а властите стравуваат дека има уште стотици затрупани.

Индонезискиот научник Гегар Прасетја пред неколку години предупреди дека регионот околу заливот Палу е изложен на опасност од тешка катастрофа при нови земјотреси поради комбинација од голем број неповолни фактори. Тој препорача мерки за намалување на влијанието и изградба на станбени и индустриски локации во помалку опасни области.

– Сега Владата мора да преземе мерки за намалување на ризикот пред следната катастрофа, порача Прасетја.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници