Нов Зеланд зафатен од зимска бура, 10.000 домаќинства останаа без електрична енергија

Од:

Нов Зеланд денеска го зафати зимска бура, предизвикувајќи блокади во сообраќајот низ целата земја и оставајќи илјадници домаќинства без електрична енергија.

Утринава се приземјени сите регионални летови од главниот град Велингтон, а силните ветрови предизвикаа големи штети уривајќи дрвја и кинејќи ја електричната мрежа низ цела земја, што повеќе од 10.000 домаќинства остави без електрична енергија.

Ветрот, што дуваше со брзина од 160 километри на час, ја погоди новозеландската престолнина, додека во теснецот Кук, што ги дели Северниот и Јужниот остров, дуваше со брзина од 130 километри на час, кревајќи 11 метри високи бранови, објави метеоролошката служба.

Затворени се некои од главните сообраќајници, а прекинат е и железничкиот сообраќај. Главните сообраќајници што одат низ средишниот дел на Северниот остров се затворени заради снегот и мразот, пренесе Хина.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите

Земјотрес во Нов Зеланд со јачина од 6,2 степени

Ана Ололовска

Новозеланѓаните кои живеат во Австралија четири или повеќе години ќе можат да аплицираат за државјанство

Ана Ололовска

11 лица загинаа во невремето „Габриел“ во Нов Зеланд

Горан Наумовски