Нов Зеланд усвои единствен закон: Пушењето цигари се укинува

Од:

Парламентот на Нов Зеланд усвои единствен закон за постепено укинување на пушењето цигари, со воведување забрана за младите да ги купуваат.

Според законот, цигарите не смеат да се продаваат на луѓе родени на или по 1 јануари 2009 година, пренесува АП.

Со новиот закон се намалува и бројот на продавници за тутун, од околу 6.000, на само 600, а се намалува и дозволената количина на никотин во тутунот кој се пуши.

– Нема добра причина да се дозволи продажба на производ што убива половина од луѓето што го користат – им порача на парламентарците помошник-министерот за здравство Ајеша Верал.

Таа рече дека здравствениот систем ќе заштеди милијарди долари со тоа што нема да лекува болести поврзани со пушењето како што се ракот, срцевите удари, мозочните удари и ампутациите.

Таа рече дека законот ќе доведе до промена на генерациите и ќе остави во наследство подобро здравје за младите.

Нов Зеланд веќе ја ограничува продажбата на цигари на луѓе постари од 18 години, бара кутиите цигари да носат графички здравствени предупредувања и да се продаваат во стандардизирани пакувања.

Во последните години Нов Зеланд воведе серија големи даночни зголемувања на цигарите, според американската агенција.

Би можело да ве интересира

Во Нов Зеланд, за прв пат во историјата, жена-полицаец загина на должност

Горан Наумовски

Чадот од цигари ги замагли рестораните и покрај забраната за пушење: Македонците годишно трошат 600 милиони евра за цигари

Исчезнаа алпинисти додека се обидуваа да го освојат највисокиот врв на Нов Зеланд

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

Меџити: Мора да се одвикнеме од пушењето, лекувањето е поскапо за болестите што тоа ги предизвикува

A1on

Негувателка во градинка во Велес им дала на децата да пробаат електронски цигари: Суспендирана е од работа

A1on