На Нов Зеланд од полноќ стапува во сила одлуката според која граѓаните нема да можат да ги напуштаат домовите освен во одредени случаи.
Предвидено е и сите институции и објекти, што не мора да работат ќе бидат затворени, како и училиштата. Мерката ќе биде во сила еден месец.
Пропишана е и оддалеченост помеѓу луѓето до минимум два метра.
Нов Зеланд е меѓу првите земји што воведе обврзна самоизолација за сите луѓе кои допатуваа од странство и прва држава што ги забрани јавните собири.
На Нов Зеланд во моментот 155 луѓе се заразени со новиот коронавирус.